Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Во скопската општина Илинден се случи трагедија во која девојче на13-годишна возраст се удави во дупка со вода ископана за изградба на зграда. Според кажувањата на жителите девојчето влегло во ископот за темели кој бил полн со вода, за да го извади помалиот брат и уште едно дете кое влегле да се капат.
Девојчето се удавило во насобраната вода. Според полицијата несреќата се случила околу 14.30. Локалните мештани веднаш повикале брза помош и го извадиле девојчето од водата, но лекарите од итната медицинска помош само ја констатирале смртта на девојчето. Жителите кои ги затекнавме на лице место бараат одговорност од фирмата што го градела обкјетот поради тоа што местото не било обезбедено и не бил поставен заштитен ѕид.
Повеќе од два часа траеше увидот на полицијата. На местото на настанот присутен беше и претставник од општината, но тој ја избегна камерата на ТВ24. Недостапен беше и градоначалникот на општината за да одговори на нашите прашања. Од општината информираа дека тој бил на службен пат и не знаат кога ќе се врати.