Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во стравичниот пожар кој го зафати магацинот на Jim Beam во Кентаки, изгореа околу 45.000 буриња полни со алкохолен пијалок виски од познатиот бренд. Можна причина за пожарот е удар на гром.
Според првичните податоци, бурбонот бил стар само околу една година, па штетата не е од најлош карактер. Инцидентот нема да има негативно влијание на снабдувањето на крајните конзументи и обожаватели на оваа пијачка, рече Бим Сантори, сопственик на Jim Beam.
Според проценката на медиумите, направена врз основа на крајната пазарна цена по која се продава овој пијалок, загубите на Jim Beam од пожарот би можеле да се движат помеѓу 90 милиони и 300 милиони долари.
Скоро 40 командири на противпожарни станици од 5 области се бореа со пламените јазици кои го зафатија неколкукатниот магацин со површина колку едно фудбалско игралиште. Некои од бурињата беа оставени да изгорат целосно со цел да се спречи излевање на алкохолот во блиските реки, што би можело да биде фатално за живиот свет во нив.