Трагедија во Маџари: Полицаец загина во судир со товарен воз


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


При удар на товарен воз од Македонски железници во полициско службено возило, на железничкиот премин во скопската населба Хиподром, во шест часот изутринава, загина полицаецот Али Бектеши од полициската станица Гази Баба.

Полицаецот починал веднаш по ударот, а неговото безживотно тело било извадено со помош на екипи од против пожарната служба.

Истрагата за случајот ја води јавното обвинителство, кое треба да одговори како дошло до несреќата.

„Според првичните информации, несреќата се случила кога товарен воз кој се движел од граничниот премин Табановце кон Скопје – југ (железара), удрил во патничко моторно возило Фолксваген Венто, сопственост на Министерството за внатрешни работи“, велат од обвинителството

Жителите на Хиподром велат дека често се сведоци на вакви несреќи, најмногу поради лошата сигнализација, но и начинот на кој е обезбеден преминот.

Додека траеше увидот сообраќајот на местото на несреќата се одвиваше отежнато, но возила беа пропуштани во двата правци.