Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Најмалку девет лица се убиени, а четири се наоѓаат во болница по оружениот напад во училиште во рускиот град Казан, јави новинската агенција РИА повикувајќи се на службите за итни случаи.
Според локалните медиуми, жртвите се еден учител и осум деца, додека се повредени повеќе ученици.
Во тек е евакуација на учениците, а на самото место се наоѓаат повеќе од 20 екипи за итна помош.
Russia school shooting in #Kazan: there was an explosion inside School No.175 as well as the shooting. This video via @bazabazon shows a corridor in the aftermath pic.twitter.com/Tes277P6pR
— Sarah Rainsford (@sarahrainsford) May 11, 2021
„Обвинителот на Република Татарстан Илдус Нафиков замина на местото на настанот. Околностите околу инцидентот се испитуваат”, се вели во соопштението на Министерството.
На местото на инцидентот пристигна и претседателот на Република Татарстан Рустам Миниханов.
За инцидентот се појавија разни извештаи – некои новински агенции во Русија јавуваат дека двајца тинејџери се напаѓачите, додека други тврдат дека нападот го извршило едно лице, пренесува Ројтерс.
Агенцијата РИА известува дека еден напаѓач бил уапсен, како и дека се слушнала експлозија во училиштето. Сè уште не е познато кој може да биде мотивот за таков напад.