Трагедија во Гостивар: Тинејџерка се удави во Вардар бегајќи од глутница кучиња


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


17-годишна девојка од Гостивар, вчера околу 7 часот попладне, била нападната од глутница кучиња од кои бегајќи, се удави во реката Вардар, пренесува Макфакс.

Девојкатабила нападната од глутница кучиња во близина на гостиварската болница. Набрзо потоа граѓани пријавиле во полициска станица Гостивар дека девојчето паднало во реката, по што е организрано пребарување на коритото на Вардар.

Екипи на полицијата, Дирекцијата за заштитата и спасувања и пожарникари трагаа по девојчето и го пребруваа теренот каде што паднало во водите на Вардар во Гостивар.

Синоќа околу 22 часот со помош на жителите на селото Балиндол било извлечено телото на девојчето. Телото го нашле жителите, а било извлечено со помош на полициските екипи.