Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
На автопатската делница меѓу Гевгелија и граничен премин Богородица, кај 03 часот утрово, патнички автомобил „Мерцедес“ со гевгелиски регистерски таблици управувано од 27-годишниот М.К. од селото Богородица удрило во металната заштитна ограда.
Во незгодата на самото место починал М.К. додека сопатникот во возилото, 26-годишниот М.П. од истото село се здобил со тешки телесни повреди и како итен случај со возило на Итна медицинска помош од Јавната здравствена установа Гевгелија бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.