Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Дедо си го застрелал внукот, ги ранил својата сопруга и ќерката па се самоубил – крвава драма се случила попладнево во скопската населба Бутел 1.
Според информациите на полицијата, убиството се случило во 12.40 часот кога лицето П.Т. (84) со пиштол пукал во неговата сопруга П.Т., во ќерката Л.С. (58) и во неговиот внук Т.С (32). На лице место починал внукот, по што дедото извршил самоубиство.
Сопругата и ќерката се префрлени со возило на Итна помош во Ургентниот центар во Скопје. Се води истрага за причините за убиството.