Трагедија во Бразил: Едно селфи две бразилски тинејџерки го платија со живот


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


19-годишната Моник Медеирос и една година помладата Бруна Веласкез, двете од Бразил, паднаа во бездна од 30 метри височина и починаа додека правеа селфи фотографија.

Трагедијата се случила на врвот на водопад во бразилската држава Санта Катарини на југот на земјата. Иако водопадот бил затворен за посетители, тинејџерките успеале да стигнат до врвот за да направат селфи.

Едната се лизнала, додека другата најверојатно се обидела да ја фати. Бруна загинала на местото на несреќата, а хеликоптер пристигнал за да ја спаси Моник. сепак , не стигнала жива до болницата.

„Двете беа неразделни. Бруна наскоро требаше да го прослави својот 19-ти роденден. Беше толку убава и млада”, рече пријателка на Бруна.

“Моник сакаше да биде медицинска сестра. Ова е голема трагедија”, додаде сопственикот на продавницата во која работела Моник.