Home Актуелно Трагедија поради забранета љубов: Момче и девојка се самоубија во Штип

Трагедија поради забранета љубов: Момче и девојка се самоубија во Штип

Двојна трагедија го потресе штипско-карбинскиот регион. Момче и девојка поради недозволена љубов во рок од 24 часа си ги одзедоа животите со бесење.

Дваесет и пет годишното момче вчера се самоуби на локалитетот „Баргала”, а утринава и неговата 21 годишна девојка од селото Аргулица.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврдува дека утринава во 9.20 часот полицијата добила повик од Итната медицинска помош за пронајдено женско тело во семејна плевна во селото Аргулица. Извршен е увид на местото, а јавен обвинител наредил и обдукција на починатата девојка.

Мештаните во селото Аргулица се во шок, велат дека ова што се случи е двојна трагедија, за девојката потенцираат дека била мирна и вредна, а постојано им помагала доколку им била потребна медицинска помош, бидејќи работела во штипското Инфективно одделение како медицинска сестра и за време на неколкуте бранова била, какошто велат во првите борбени редови да им помага за пациентите во тешка здравствена состојба.

Момчето и девојката биле во врска, но, како што велат дел од жителите, не им била дозволена, од едно од семејствата. Покрај телото на девојката утринава е пронајдено и проштално писмо.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…