Home Актуелно Трагедија на уличната прослава во Буенос Аирес за освоената светска титула: 22-годишно момче го загуби животот

Трагедија на уличната прослава во Буенос Аирес за освоената светска титула: 22-годишно момче го загуби животот

Победничката атмосфера и славеничката еуфорија во Аргентина вчера биле прекинати откако во јавноста се појави веста дека 22-годишно момче од Буенос Аирес починало за време на прославата на светската титула, пренесува ПлусИнфо.

На прославата на улиците во Аргентина синоќа излегоа илјадници навивачи, а медиумите пренесуваат и дека животот го загубило 22-годишното момче Себастијан Оскар Масијел.

Според информациите, Масиел се возел на мотор со аргентинско знаме околу вратот, а кое во еден момент му се заглавило во тркалото, по што го задавило.

„Сведоците објаснија дека го забележале како паднал на земјата и знамето му било околу врат. Во тек е истрага, но според првите информации делува дека починал поради недостаток на кислород“, објавија од полицијата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…