Tрагедија: Младо момче загина на скопската обиколница


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На 30 мај, во 00.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот – обиколницата во Скопје, во близина на клучка кај Мирковци, патничко возило „фолксваген голф“, со косовски национални ознаки, управувано од Х. Ч. (23) од Република Косово, излетало надвор од коловозот.

Возачот починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од итната медицинска помош Скопје.

Увид извршила екипа на СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција.