ТРАГЕДИЈА КАЈ ГЕВГЕЛИЈА: Загина млад возач, сопатникот тешко повреден!

сообраќајка

Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Едно лице го загуби животот, а друго е тешко повредено во сообраќајна несреќа која утринава околу 3 часот се случила на делницата од автопатот Граничен премин Богородица–Гевгелија.

Од полицијата информираат дека патничко моторно возило „Мерцедес“ со гевгелиски регистерски таблици управувано од М.К.(27) од с.Богородица удрило во металната заштитна ограда.

-Во незгодата на самото место починал М.К., додека сопатникот во возилото М.П. (26) од с.Богородица се здобил со тешки телесни повреди и како итен случај со возило на Итна медицинска помош од Јавната здравствена установа Гевгелија бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје, информираат од МВР.

Извршен е увид, се работи на целосно расчистување на случајот.