Трагедија го потресе Прилеп: Полицаец пронајден мртов!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вчера околу пладне пронајден е мртов полициски службеник кој служел во ПС – ПРИЛЕП. Според првичните информациите станува збор за 45 годишниот Р.Д кој работел во одделот за сообраќајна полиција.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп со екипа од крим-техника, изврши увид на местото во близина на локалниот пат село Беловодица-село Дрен, каде вчера попладне беше пронајден мртов.

Лицето е пронајдено во лежечка положба до неговото возило, со прострелна рана во главата и службениот пиштол во раката.

Притоа јавниот обвинител издаде наредба за подигање на предмети и траги кои можат да послужат како доказ и наредба за обдукција врз телото на починатиот, заради утврдување на причините за смртта.