Advertisements
Вебкафе

Трагедија го потресе евровизискиот настан

Гламурот и еуфоријата на овогодинешниот музички настан „Песна за Евровизија“ кој се одржува во Тел Авив ги засени трагедијата која се случи таму, а во која загина еден возач на камион.

66- годишен возач на камион Фулди Шварц загинал откако врз него за време на подготовките за музичкиот натпревар паднало осветлувањето.

Несреќниот возач по инцидентот итно бил пренесен во болница.

„Засега не обвинуваме никого. Но, како е можно да се случи вакво нешто на настан каков што е Евросонг, во кој се вложени толку пари“, се прашуваат членовите на семејството на загинатиот Шварц.

Веднаш по инцидентот полицијата отворила истрага. Според магазинот „ IQ“ истрагата засега покажала дека на уредите од осветлувањето на се работело според прописите.

Организаторот на Евросонг, Израел жали за инцидентот и упати искрено сочувство до семејството на загинатиот возач .

Advertisements

Најпопуларно

To Top