Трагедија: 64 члена на рускиот Хор на Црвената армија загинаа во авионска несреќа


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Руски воен авион Ту-154 во кој се наоѓале 93 лице вчера се урнал во Црното Море, соопшти руското Министерство за одбрана.

Авионот исчезнал од радарот 20 минути по полетувањето од аеродромот во Сочи.

Од Министерството соопштија дека во авионот биле членовите на познатиот воен ансамбл Александров – хорот на руската армија, членови на екипажот и новинари.

Од руското Министерство соопштуваат дека тело на загинато лице од уривањето на авионот било пронајдено на шест километри од брегот во Сочи, рече портпаролот Игор Конашенков.

26-12-hor_aleksandrov1

Новинската агенција Интерфакс цитирајќи неименуван извор од службите за спасување информира дека неколку тела биле пронајдени на местото каде авионот се урнал.

Авионот полетал од Москва и требал да слета во сириската провинција Латакија, во Сочи трабало да биде напунето гориво.

Претходно, Министерството за одбрана соопшти дека делови од авионот се пронајдени на километар од брегот на Црното Море, во близина на Сочи.

Во соопштението се наведува дека условите за летање биле поволни.

Според медиумските извештаи, членовите на ансамблот Александров биле пратени во воената база во Сирија за прославата на воениот персонал за Нова година.