Home Актуелно Трагедија: 26 годишна прилепчанка пронајдена мртва во својот дом

Трагедија: 26 годишна прилепчанка пронајдена мртва во својот дом

Трагедија го потресе Прилеп, а причина за тоа е смртта на 26-годишната прилепчанка која утрово е пронајдена мртва во својот дом.

Дваесет и шест годишната прилепчанка со иницијали Е.К изутрината околу 5.50 часот била пронајдена мртва во својот дом. Семејството повикало итна медицинска помош, но екипата само можела да ја констатира смртта на младата жена. Била повикана и полицијата, а увид напрвил и обвинител од основното јавно обвинителство.

Според јавниот обвинител Ристо Шошески, за да се утврдат причините за смртта побарано е да се изврши обдукција врз телото на починатата жена.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…