Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Менаџерот на Тотенхем, Маурицио Покетино е спремен да продаде четворица фудбалери ова лето и добиената сума да ја инвестира во нови засилувања.
Според англиските медиуми Аргентинецот има намера да се раздели со Дени Роуз, Муса Дембеле, Тоби Алдервајлед и Виктор Ваниама.
Очекувањата на „спарси“ се да добијат 170 милиони фунти за четворицата фудбалери. Клубот за Роуз бара 50 милиони, додека за Дембеле, на кого договорот му истекува следното лето, само 20 милиони.
Покетино со добиената сума сака да донесе фудбалери со кои следната сезона конечно ќе ја нападне титулата во Премиер лигата.