Тортевски се понуди „про боно“ да го брани Игор Југ ако не добие амнестија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Адвокатот Александар Тортевски, кој периодов е еден од најгласните критичари на новиот закон за амнестија за настаните од 27. април, доброволно се пријави да го брани „про боно“ обвинетиот Игор Југ ако тој не добие амнестија.

На својот Твитер профил објави повеќе твитови на темата.

Игор Југ има повеќе право да добие амнестија од пратениците. Тој не ја извршил задачата што организаторите му ја доделиле. Пратениците ги отвориле вратите со што во целост ја исполниле задачата добиена од организаторот на државниот удар“, стои во еден од твитовите.

Игор Југ и Јане Ченто не сакаат амнестија, туку бараат судот да одлучува за нив, а не како што рекоа политичките елити. Југ на последното рочиште упати навреди кон пратеник на кој исто така му се суди. И претходно изјави во суд дека верувал во идеологија, но дека политичарите ги изневериле.