Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Адвокатот Александар Тортевски порачува дека доколку специјалната обвинителка во оставка, Катица Јанева, некогаш се врати на работа, нејзините колеги од СЈО треба да ја остават сама.
„Ако воопшто се врати на работа Катица, целиот колектив треба да си отиде и да ја остави сама внатре или пак да и застанат на врата и да не и дозволат да влезе внатре“, пишува Тортевски на „Твитер“.
Гласот на Јанева се слуша и во денешното трето продолжение од снимките за случајот „Рекет“ што ги објави италијанскиот „Ла Верита“. Таа го убедува Камчев дека се ќе биде во ред, но во денешната изјава, тврди дека се договарала со Камчев за да биде соработник-сведок во некој од идните случаи.