Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Понеделнички ќе се „загревеме“ за промената на времето која што ќе не следи во новата недела. Ќе се наоблачува уште во раните утрински часови, а ќе дува и умерен јужен ветер. Источниот регион претпладне ќе биде умерено облачен. Ветерот останува во текот на целиот ден.
Крајниот западен дел од земјата оќекува повремени врнежи во текот на денот, но вечерта е онаа која што ќе ни донесе нешто позачестен дожд. Истот навечер ќе се рашири на поголем дел од северната половина од зејатаи ќе има генерално слаб интензитет.
Јужното струење, односно транспортот на значитело потопол воздух кон нашиот крај ќе резултира со максимална температура која ќе биде значително над просекот за овој дел на годината, а ќе има вредност помеѓу 16°С и 20°С низ поголем дел од котлините, на југот на повардарие до 23°С, а на повисоките места околу 15°С.
Скопскиот регион претпладнево ќе има умерена облачност, додека попладне облачноста значително ќе се зголемува. Навечер очекуваме слаб дожд. Ќе биде ветровито во текот на целиот ден.
Температурата нема да намине 20°С.