Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Вториот јунски ден во Македонија носи сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне особено во западните делови ќе има појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 28 до 35 Целзиусови степени.
Во Скопје, претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец, а од пладневните часови ќе има појава на краткотрајна нестабилност со повремен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 33 степени.
Следува период на топло време, повремено со изолирана појава на нестабилност во попладневните часови со појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено за време на викендот и на почетокот на следната недела.