Advertisements
Актуелно

Топло време уште денес и утре, од вторник нов ладен бран

Времето денес ќе биде топло со слаб до умерен северен ветер. Дневните температури ќе бидат во Скопје 21, Маврово 14, Охрод 18, Битола 19. Кавадарци 21, Крива Паланка 19, Берово 17, Дојран 23 Целзиусови степени.

И за утре прогнозата е сончево и топло со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот од запад облачноста ќе се зголемува. Дневните температури ќе бидат во Скопје 22, Крива Паланка 20, Берово 17, Кавадарци 22, Маврово 15, Охрид 18, Битола 20 и Дојран 23 степени.

Од вторник ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд и ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе биде пониска за 5 до 8 степени (од 7 до 18 степени).

Advertisements
To Top