Топла среда


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денес, 21 август, среда, во Македонија ќе имаме сончево и малку потопло време, со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. УВ индексот ќе биде 8.

Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 36 Целзиусови степени, Маврово 30, Охрид 31, Битола 34, Крива Паланка 32, Берово 31, Кавадарци 37, Дојран 38.

Прогнозата и за утре е претежно сончево и доста топло со температури од 30 до 38 степени и со слаб до умерен ветер од североисточен правец.