Advertisements
Актуелно

Топла среда – ни претстои портокалова фаза

Денес времето во нашава земја ќе биде сончево и топло. Од правец на југ ќе дува слаб до умерен ветер, особено изразен во југоисточните делови. УВ индексот ќе биде 9.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 18 степени, а дневната температура од 28 до 38 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а дневната температура до 37 степени. Маврово 28, Охрид 31, Битола 35, Крива Паланка 32, Берово 31, Кавадарци 37, Дојран 38.

Под влијание на многу топла воздушна маса до средината на наредната недела времето ќе биде сончево и многу топло, а само во петок ќе има зголемена облачност.

Од утре ќе биде активирано жолто, а од четврток во некои реони и портокалово ниво за опасност од високи температури.

Advertisements
To Top