Топла бања за топење на калориите – еднаква на половина час пешачење


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Опуштањето во топла купка, во зависност од тоа колку е топла водата, може да поднесете за топење на калориите, исто како и шетање од 30 минути, велат истражувачите од британскиот Универзитетот во Лоуборо.

Тим на истражувачи следеле 14 мажи преку два теста. Едната група мажи морале еден час да возат велосипед, а другата да лежат во вода од 40 степени Целзиусови.

Целта била да се зголеми температурата на телото за еден степен. Оние кои возеле велосипед истрошиле околу 600 калории, но изненадува тоа што мажите кои само лежеле во топла купка изгубиле 130 калории, колку што приближно се губи при половина час пешачење.

Уште една корисна последица од капењето во топла вода, која можеби е поважна од трошењето на калории, е што протеините кои се ослободуваат од телото во текот на третманот, го контролираат нивото на шеќерот во крвта.

Исто така, многу научници се согласуваат со тоа дека секојдневното опуштање во топла када делува на намалување на анксиозноста и на нервозата повеќе од кој било лек.