Топката со која ќе се игра Мундијалот тестирана во – вселената! (фото+видео)

russia

Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Новитет во организацијата на Светското првенство.

За две недели започнува Светското првенство во Русија, љубитеите на фудбалот ги бројат минутите до првиот натпревар кој е закажан за во четврток од 14 јуни во 17 часот во кој ќе играат домаќинот и селекцијата на Саудиска Арабија.

На социјалните мрежи се појавија фотографии и снимки од руската станица во вселената каде што космонаутите ја тестираа топката „Телестар 18“ со која ќе се игра претстојниот Мундијал.

Космонаутите ги покажаа своите фудбалски квалитети во просторот без граници, а во продолжение погледнете како сето тоа изгледаше.