Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во центарот на грчкиот град Ксанти, лоциран на северот на Грција, фотографиран е мал камион полн со снег. Она што беше интересно и невообичаено е картонот ставен на врвот од снегот на кој пишуваше „Една топка 0,50 евра“.
Фотографијата ја објавија неколку медиуми во Грција со оценка дека во Ксанти, каде тогаш немало снег, овој чин го претставувал „ бизнис духот но, на грчки начин“.
Една регионална телевизија од северот на Грција дури излегла со коментар дека оваа идеја сега „ќе ја прифатат и други и поради конкуренцијата цената на топка снег ќе падне на 0,10 евра“.