ТОП 20: Највредните клубови во светот – ПСЖ дури седми, еден е на оваа листа, а се бори за опстанок!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На листата 20 најскапи клубови во светот првото место убедливо го држи еден клуб веќе втора година во низа.

На ранг листата најскапи клубови во светот во овој момент доминираат британските клубови. Нивната вредност изнесува 9.2 милијарди евра, а освен клубовите од Премиер лигата, на листата се наоѓаат клубови од француската Лига 1, Бундес лигата и Примера. Интересно е што еден од клубовите на оваа листа би можел да испадне од најсилната конкуренција

20.ЕВЕРТОН

Вредноста на „карамелите“ се проценува на 199.2 милиони евра. Клубот од Ливерпул има спонзорски договор со УСМ Холдингот.

19.НАПОЛИ

Италијанскиот калчолигаш има вредност од 200.7 милиони евра. Минатата сезона завршија како второпласирани, а стигнаа и до нокаут фазата од Лигата на шампионите. Во овој момент се второпласирани во италијанското првенство.

18.САУТЕМПТОН

Нивната вредност се проценува на 212 милиони евра и ова е нивно прво учество во оваа листа. Имаат голем спонзорски договор со „Виргин Медија“. Оваа година се наоѓаат на 18 место во Премиер лигата и се борат за опстанок.

17.ВЕСТ ХЕМ

„Чеканите“ се проценуваат на вредност од 213 милиони евра, што е еден повеќе од Саутемптон.

16.ШАЛКЕ

Вредноста на германскиот бундеслигаш се проценува на 230 милиони евра. Скоро три четвртини од приходите на Шалке доаѓаат од ТВ правата и рекламите. Овој клуб важи за еден од најстабилните во Германија.

15.ИНТЕР

„Нероаѕурите“ се проценуваат на сума од 262 милиони евра. Сопствениците на „Санинг Груп“ ги подигнаа приходите од реклами за огромни 137%.

14.ЛЕСТЕР СИТИ

Вредноста на „лисиците“ изнесува 271 милиони евра. Минатата година беа на 20 позиција, а сега напредуваат на „листата на пари“, а главната причина е што се помеѓу првите 10 во Премиер лигата.

13.АТЛЕТИКО МАДРИД

Вредност од 272 милиони евра. Најмногу пари добиваат од приходите од реклами и ТВ права. Се очекува „јорганџиите“ наскоро и да напредуваат со преселувањето на новиот стадион.

12.БОРУСИЈА ДОРТМУНД

Вредност од 332 милиони евра. Најмногу приходи добиваат од спонзорството со „Кока Кола“ и германската авиокомпанија „Еуровингс“.

11.ТОТЕНХЕМ

Вредност од 355 милиони евра. Тотенхем минатата година заврши на второто мест во Премиер лигата и се пласираше во Лигата на шампионите, што донесе и дополнителен финансиски приход.

10.ЈУВЕНТУС

Вредност од 405 милиони евра. После играњето во финалето од Лигата на шампионите минатата години и освојувањето на Серија А шести пат во низа вредноста на „старата дама“ порасна вртоглаво.

9.ЛИВЕРПУЛ

Вредност од 424.2 милиони евра. Ливерпул ги руши и рекордите од ТВ правата оваа година, со оглед дека се избори за полуфинале во Лигата на шампионите.

8.ЧЕЛЗИ

Вредност од 428 милиони евра. „Сините“ се актуелни шампиони на Премиер лигата, а новиот договор со „Карабо“ им донесе приход од 143 милиони евра.

7.ПАРИ СЕН ЖЕРМЕН

Иако многумина очекуваа да ги прочитаат во врвот на оваа листа сепак, „светците“ се наоѓаат на седмата позиција со вредност од 486 милиони евра.

6.АРСЕНАЛ

„Топчиите“ се проценуваат на 487.6 милиони евра и постигнаа вистински рекорд кога се приходите во прашање. Го освоија ФА Купот, но не се пласираа во Лигата на шампионите, туку во Лигата на Европа.

5.МАНЧЕСТЕР СИТИ

Новиот шампион во англиската Премиер лига се проценува на вредност од 527.7 милиони евра.

4.БАЕРН МИНХЕН

Германскиот клбу кој доминира во Бундес лигата веќе долги години има вредност од 587.8 милиони евра.

3.БАРСЕЛОНА

Вредност од 648.3 милиони евра. И понатаму се наоѓаат на третото место иако минатото лето остана без Нејмар, тоа не влијаеше на намалувањето на приходите.

2.РЕАЛ МАДРИД

Вредност од 674.6 милиони евра. Клубот два пати во низа ја освои Лигата на шампионите, а оваа сезона повторно се полуфиналето и тоа секако влијаеше и од финансиски аспект.

1.МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД

Вредност од 673.3 милиони евра. Втора година во низа Јунајтед е лидер на оваа листа. Имаат дури 12 спонзорски договори кои носат огромни приходи.