Топ 100: Овие славни фаци се најплатени за 2017 според престижниот Forbes


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Списанието Forbes објави листа на 100 најбогати ѕвезди во 2017 година. Предвид ги земале сите тие кои спаѓаат под категоријата „celebrity” т.е. музичари, автори, глумци, спортисти и реалити ѕвезди.

А тоа што сите ги изненади е бројот еден на листата, кој се најде пред Бионсе, Дрејк и Кристиано Роналдо, а се работи за Шон Комбс, кој е познат и како Диди, т.е. P. Diddy.

Како и да се нарекува денес, тој во 2017 година заработил најмногу и тоа благодарение на повратничката турнеја, на линијата за облека и договорот со познат производител на вотка.

Честа да биде најмлада на листата на топ 100 најплатените оваа година припадна на Кајли Џенер, која вреди импресивни 41 милион долари, додека најстаро лице на листата е Џуди Шеиндлин, на јавноста позната и како Judge Judy.

Во топ 100 влегоа и Џастин Бибер, Елен ДеЏенерес, Адел и многу други, а еве ја и „златната десетка”.

1. Sean Combs (130 милиони долари)

2. Beyoncé Knowles (105 милиони долари)

3. J.K. Rowling (95 милиони долари)

4. Drake (94 милиони долари)

5. Cristiano Ronaldo (93 милиони долари)

6. The Weeknd (92 милиони долари)

7. Howard Stern (90 милиони долари)

8. Coldplay (88 милиони долари)

9. James Patterson (87 милиони долари)

10. LeBron James (86 милиони долари)