Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тони Трајковски кој денес требаше, а не се појави на судењето за „ТНТ“ утре со полиција стражарно ќе биде донесен во судот.
Судскиот курир денес се обидел да го пронајде Трајковски, бил пред неговиот дом, но никој не му отворил. Во јавноста се огласи и адвокатот на Трајковски кој тврди дека неговиот клиент не бега.
Трајковски според зборовите на адвокатот имал две адреси, па не знае каде курирот го барал.
Адвокатот беше запрашан и зошто тој не го известил.
„Јас не сум курир, јас сум бранител и немам обврска да го известувам за такви работи. Јас му кажав, но Тони му одговори дека нема уредна покана“, изјави Јовица Страшевски кој е адвокат на обвинетиот Трајковски.