Томислав Тунтев си поднесе пратеничка оставка – заминува во директорски води


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Пратеникот и координатор на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев, си поднесе оставка од собраниските функции.

Неговата одлука следеше после најавите дека тој ќе биде идниот директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Неговата оставка ќе биде констатирана на првата овогодишна седница на Собранието што ќе се одржи денеска.

Следен пратеник кој треба да седне на неговото место во собраниската фотелја треба да биде Рубин Земон.

На пратениците Јован Митровски и Соња Мираковска засега им се даваат најголеми шанси да координираат со пратеничката група на СДСМ и коалицијата.