Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Славниот холивудски актер Том Круз забранил неговата поранешна сопруга Никол Кидман да се појави на венчавката на нивниот заеднички син, Конор, пренесуваат американските медиуми.
24- годишниот син Конор, ќе се жени со неговата девојка Силвија. „Том стои зад оваа одлука, а неговите желби се почитуваат како закон. Том му се јави на Конор и тој веднаш го послуша.” , изјави пријател на семејството за американските медиуми.
Поранешниот Диџеј Конор, кој се занимава и со риболов го обожуцва својот татко и како и него и тој е скиентолог. Вереницата на Конор, го носи прекарот „скиентолошка принцеза”, а во контроверзното религиско држење се приклучила заедно со родителите, веднаш откако од Италија се доселиле на Флорида.
Том наводно многу ја сака идната снаа и се радува што син му избрал жена од истата религија. Никол, како што пренесуваат медиумите, веќе со години не е во контакт со Конор и Изабела, деца кои ги посвоила додека беше во брак со Том.
По разводот во 2001 , старателството над децата му припаднаа на актерот, односно самите избрале да живеат во Скиентолошката црква заедно со татко им.
Никол не беше присутна ниту на венчавката на ќерка и Изабела во 2015 во Лондон , кога се омажи за Макс Паркер.