Том Харди непрепознатлив поради транформацијата во мафијашот Ал Капоне


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Режисерот Џош Транк на неговиот Инстаграм профил сподели неколку фотографии од снимањето на филмот „Fonzo“. На нив славниот Том Харди е до непрепознатливост целосно трансформиран во култниот мафијаш Ал Капоне.

Првите фотки од трансформацијата на Том Харди како озлогласениот мафијшаки шеф Ал Капоне беа споделени во август, минатата година. Судејќи според новиот трансформациски кадар, Харди во целост „се соживеал“ со улогата како Капоне – шминката целосно ги има изменето неговите црти од лицето, косата залижана во стилот на мафијашот и држењето на телото во исти пози како него.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Josh Trank (@joshuatrank) on

Фотографијата брзо се рашири на социјалните мрежи, а обожавателите на Харди со неверување во тоа што го гледаат му честитаа на феноменалната трансформација.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Josh Trank (@joshuatrank) on

Дејството на „Fonzo“ го следи Ал Капоне после неговото излегување од затвор, кога почнува да се бори со деменцијата. Неговото минато станува сегашност, додека го прогонуваат вознемирувачки сеќавања за неговото насилно и брутално потекло.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Josh Trank (@joshuatrank) on

Освен Харди, во другите улоги се јавуваат Мет Дилон, Кајл МекЛаклан, Џек Лауден и Линда Карделини.