Home Спорт Толкаво мажиште, а како покосен падна на земја од ОВА

Толкаво мажиште, а како покосен падна на земја од ОВА

Голманот на украинскиот фудбалски вицешампион Динамо Киев, Денис Бојко, за време на дуелот со Славија во Прага одигран вчеравечер во квалификациите за ЛШ, ненадејно падна на земја како покосен, на чудење на сите присутни на теренот и трибините.

Испадна дека она што така брзо го „посла“ на земја беше каснување од оса кое Бојко го снајде во осмата минута од натпреварот.

„Бојко одеднаш падна на тревникот, држејќи ја левата рака. После тоа му беше укажана медицинска помош, по што го продолжи натпреварот“, пренесуваат украинските медиуми.

Натпреварот заврши нерешено 1:1. Реваншот ќе с еигра во Киев на 14 август.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…