Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Контамираната почва околу ОХИС и малата депонија со токсичниот линдан околу фабриката ќе се чистат овој ноември. За големата депонија допрва ќе се обезбедуваат средства.
Во тек е подготовка на тендерската документација и условите за избор на компанија (странска, нема домашна која има знаење и опрема за таква операција) кои ќе бидат објавени наредниот месец. Фирмата која ќе го врши чистењето и дислокацијата на контамирината земја со канцерогениот отпад ќе биде избрана најдоцна до јуни.
Најверојатно ќе се избере моделот за отстранување на контаминираната почва и линдан во некоја странска земја каде што има објекти каде ќе моќе да се согори.
Во големата депонија нафрлени се 40 илјади тони контаминирана почва. На тој дел од дворот на ОХИС најверојатно ќе се оди на покривање и изолирање на загадената почва за да се спречи натамошното загадување на воздухот, почвата и подземните води и опасноста по здравјето на граѓаните.
Од Македонско еколошко друштво велат дека преку обуки и работилници ќе ги едуцираат граѓаните од Аеродром, Кисела Вода и Гази Баба кои се најзасегнати од загадувањето со линдан.
За излетничкото место Пеленице, во близина на Скопје, каде што неодамна беше откриено дека и таму во некакво импровизирано бетонско корито, исто така сосема несоодветно, отфрлени се неколку илјади тони линдан, засега нема реакција од власта. Во тек е тендерот за оградување на просторот за да се оневозможи пристап на луѓе. Последниве години токму овде децата од основните училишта од Скопје редовно одржуваа настава во природа.