Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Зависноста од некоја личност може да биде исто толку токсична како зависноста од алкохол и дрога. Токсична партнерска врска е врска во која отсуствуваат добрите квалитети. Токсичниот партнер носи негативна енергија во животот на другиот партнер. Партнерот емотивно, а во поголем дел на случаи и физички му наштетува на партнерот. Како и секоја врска и оваа започнува нормално без никакви знаци за предупредување.
Токсичниот партнер ја исцрпува позитивната енергија на другиот партнер било тоа свесно или не. Во ваквите врски имаме отсуство на доверба, еднострано или двострано. Партнерот постојано има сомнежи, односот се карактеризира со несигурност, егоцентричност, доминација и контрола. Имаме непочитување на партнерот, неговите желби, потреби, одлуки од страна на токсичната личност, незаинтересираност за врската и партнерот како и отсуство на труд.
Недостатокот на комуникација во врската е уште еден знак за токсична врска. Се наметнува чувство дека се што имате да кажете е небитно и дека нема да бидете ислушани од страна на партнерот. Вербална и емотивна злоупотреба, а некогаш и физичка, започнува со навреди, омаловажување, па се до закани и физички напади на партнерот.
Ваквите врски оставаат лузна во животот на една личност. Дури и долго време по раскинувањето, личноста ќе се соочува со последици и трауми. Почнувајќи со паѓање на самопочитта , чувство на безвредност и ја доведува до прашање самостојноста на личноста. Можеби ќе треба да поминат и неколку години за да се поправат и надминат овие доживувања.
Се јавува страв од повторно верување на луѓето, се плашат дека сите се како поранешниот партнер. Обично градат ѕидови околу себе и не дозволуваат никој да допре до нив. Може да се чувствуваат како ништо да не може да ги направи среќни. Исто така постои можност да се појави анксиозност или депресија. За излез од оваа состојба добро е посета и разговор со стручно лице и опкружување со позитивни лица кои се грижат за личноста.
Сара Поповска
Студент на Институтот за семејни студии, Филозофски факултет