Token ви го олеснува животот – дознајте за што станува збор


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Како што технологијата се развива, компаниите секогаш изнаоѓаат нови начини да ни го олеснат животот.

Иако многу работи денес може да се постигнат со употреба на смартфон или паметен часовник, Token има намена да ги замени сите нив со уред каде што сигурноста и податоците на корисникот ќе бидат заштитени.

Се работи за прстен со димензии 9.0mm x 2.5mm кој може да замени

– Кредитни картички (Visa или Mastercard)

– Клуч од домот (со дополнителниот уред Token Lock)

– Лозинка за логирање на компјутер (Mac или PC)

– Паметен клуч за автомобил

– Лозинки за автентификација на разни сајтови

– Беџ за пристап во простории (HID SEOS)

– Транзитни картички за разни видови превоз во над 50 транзитни системи низ светот, кои во 2018 ќе се прошират за уште 30.

За да се осигура сигурноста на податоците, самиот прстен има вградено уред за читање на отпечатоци на прсти на неговата внатрешност. Кога прв пат се подесува, тој скенира отпечаток од прст кој ќе го побарува секој пат кога ќе го ставите, а вградениот оптички сензор детектира кога е изваден од прстот. Кога таа акција ќе се детектира, уредот се осигурува со тоа што се заклучува и не дозволува повторен пристап доколку е украден.

Основниот модел чини $249, а доколку ја сакате опцијата за отклучување на домот или автомобилот, се доплаќа дополнителни $100 за секој прстен. Token прстенот ќе биде на располагање во 3 бои/материјали – избрусен сребрен, со розова позлата од 14 карати, и црн родиумски.

Прстенот ќе мора да се полни со индуктивен полнач, и со едно полнење и секојдневна употреба батеријата треба да трае 14 дена. Може да се потопува во вода до длабочина од 50м, а за жал сега засега може да се купи само преку сајтот на Tokenize и во САД. Компанијата планира да ја прошири продажбата во други региони од светот во 2018.