Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Јапонскиот автомобилски гигант Тојота најави целосно укинување на продажбата на дизел автомобили во Европа уште од оваа година.
„Ќе ги укинеме дизел автомобилите уште во 2018 година“, изјави првиот човек на Тојота во Европа, Јохан ван Зил.
Тој објасни дека Тојота не планира да развива нови дизел технологии за патничките автомобили, додавајќи дека во во фокус ги ставаат хибридните возила.
Скандалот за лажењето со штетноста на емисиите на издувните гасови, кои прво изби за Фолксваген во 2015 година доведе бран на „вртење грб“ на дизел технологијата.
Овој скандал ја потресе целата автомобилска индустрија и зададе голем удар на произведувачите на автомобили, бидејќи тие со години се трудеа да ги намалат емисиите на јаглерод-диоксид со поддршка на властите.
Европските градови, како Париз, најавија дека ги забрануваат дизел автомобилите, а врховниот суд на Германија исто така го отвори патот за забрана на старите дизел автомобили во германските градови.
Рим планира да ги забрани дизел возилата во центарот на градот до 2024 година.
Минатата година речиси 15 отсто од продажбата на Тојота автомобили во Европа ја чинеа дизел возилата, што е пад во однос на 30 отсто од 2012 година.
Во меѓувреме, продажбата на хибридните модели на Тојота е нагло зголемена.