Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Многумина жени често се опуштаат во врската доколку се сакани и со маж кој е толерантен, попустлив по природа. Сепак, постојат ситуации кога тој едноставно не може да помине преку вашите постапки. Во тој случај можете да продолжите по свое, но ако сакате да го задржите немојте да ги правите овие грешки.
Сакате да го промените
Едно мора да сфатите: децата се воспитуваат, а не возрасните момци. Тој може поради вас да промени некои работи, но ако се обидувате да го промените во целост, тоа никогаш не завршува добро. Како прво, со право ќе се запраша во што тогаш сте се заљубиле, а како второ, ќе почне да чувствува дека не е доволно добар за вас. Со текот на времето, тоа ќе почне толку да му пречи па ќе тргне во потрага по жена, која ќе го прифати онаков каков што е.
Му приговарате
Секако дека имате прави да му приговорите, ако не направил што ветил дека ќе го стори. Или кога ќе ве повреди и генерално направи нешто што сметате дека е навредливо за вас. Но, непрестајните приговотри момците ќе ги сфатат како облик на омаловажување и со време ќе станат пасивно – агресивни, што не е предуслов за здрава врска.
Тој ве моли за секс
Можеби тоа ќе го направи неколку пати, а потоа едноставно ќе се откаже и сексот и среќата ќе ги побара на друго место. Сексот е важен дел од неговиот живот, а ако неговата партнерка не сака да учествува во него, тоа сигурно ќе го одбие од неа.
Го споредувате со бившите
Дали ќе ви признае или не, никој не сака кога е споредуван со другите. Особено тоа не го сака мажот, кој партнерката непрестајно го споредува со бившите партнери. Иако е свесен дека имате љубовно минато, тоа е последна работа за која тој сака да мисли и слуша, а со вакви споредувања ќе го одбиете од себе.