Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал по 10. пат го освои Ролан Гарос.
Во финалето на Отвореното првенство на Франција, денеска без проблеми го декласира Стан Вавринка со 6-2;6-3; 6-1 во сетови.
Тој е втор играч во светот кој успеал да победи 10 или повеќе пати на грен слем турнир. Единствено Маргарет Кол успевала да победи на Австралија опен од 1960 година до 1973 година.
На Надал тоа му е 15. грен слем во кариерата. Пред него е само Федерер со 18 победи.
Вавринка за првпат загуби борба за трофеј на грен слем бидејќи изминатите трипати триумфираше (Австралија опен 2014, Ролан Гарос 2015 и Ју-Ес опен 2016).
Надал по третпат го подигна пехарот на Ролан Гарос без загубен сет и оваа година загуби само 35 гемови.
Победници на Ролан Гарос:
Машка конкуренција – Рафаел Надал (Шпанија)
женска конкуренција – Јелена Остапенко (Летонија)
Мажи двојки – Мајкл Венус (Нов Зеланд) – Рајан Харисон (САД)
Жени двојки – Бетаин Матек Сандс (САД) – Луси Сарафова (Чешка)
Мешани двојки – Габриела Дабровски (Канада) – Рохан Бопана (Индија).