Тој што има – уште повеќе да има, тој што е сиромав – да е уште посиромав


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Светските милијардери од сите страни на планетава во минатата 2018 година своето вкупно богатство го зголемиле за 12 насто. Од друга страна, и тоа малку што го имаат (или поточно немаат) сиромашните во светски рамки, дополнително се намалило за 11 насто во истата година. Овие се статистичките бројки според извештајот на хуманитарната организација Оксфам објавен на почетокот на овогодинешниот Светски економски форум во Давос.

Овој извештај на Оксфам покажува дека во 2018, 26 најбогати поседувале колку и 3,8 милијарди најсиромашни.

Во 2017 истото богатство го поседувале 43 милијардери. Во извештајот се наведува дека ова богатство е резултат на незапаметено ниво на затајување данок. Ви државикако Бразил и Велика Британија десет отсто од најсиромашните за даноци издвојуваат повеќе од десет отсто од најбогатите.

На прашање на бриселскиот портал Еуроактив да ги прокоментирановите податоци за нееднаквоста во светот, портпаролот на Оксфам истакна дека иако податоците се менуваат долгорочниот тренд укажува на зголемување на нееднаквоста во последните десет години.

Вредноста на богатството на милијардерите се менува од недела во недела од месец во месец, но нивното богатство во последните години растеше во просек за 11 проценти годишно, а бројот на милијардери е двојно зголемен од финансиската криза пред десет години, вели портпаролот на Оксфам.