Тој не е голман, тој е вонземјанец: Нереалните одбрани на Хандановиќ (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Синоќа гледавме вистинска драма до пследната минута од сезоната во Серија А, особено кога е во прашање битката за пласман во Лигата на шампиони.

На крајот пласман во ЛШ обезбедија Аталанта и Интер, кои завршија со 69 бода, еден помалку од 5-то пласираниот Милан.

Меѓутоа, последното коло во Серија А сигурно го одбележаа неколкуте вонсериски одбрани на Самир Хандановиќ против Емполи кој беше најзаслужен што Интер обезбеди пласман во ЛШ.

Словенецот правеше „чуда“ на голот и успеа да му помогне на својот тим да слави со 2:1, а особено се истакнуваат двете одбрани во судиското продолжение.

https://youtu.be/yBWNrlpebYY

https://youtu.be/TYEpcjDQbWU