Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Манчестер Јунајтед ова лето најверојатно ќе остане без својот прв голам Давид де Геа кој е пред трансфер во Реал Мадрид, па веќе започна „кастинг“ за нов чувар на мрежата.
„Скај Спорт“ пренесува дека синот на клупската легенда Петар Шмајхел, Каспер е главен кандидат за да го замени Де Геа на „Олд Трафорд“.
Инетрес за 30-годишниот голман на Лестер покажува и градскиот ривал Манчестер Сити, но „црвените ѓаволи“ се во пол позиција за неговиот потпис.
Каспер Шмајхел минатото лето потпиша 5-годишен договор со „лисиците“, но медиумите тврдат дека и самиот ќе побара од раководството да биде пуштен во Јунајтед, бидејќи тоа е клубот за кој тој навива уште од детството.