ТОЈ е следната трансфер цел на Мурињо после Санчез!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако го обезбеди потписот на Алексис Санчез, менаџерот на „црвените ѓаволи“ Жозе Мурињо си постави уште една цел до крајот на зимскиот преоден рок.

Според англиските медиуми Португалецот ќе се обиде да ја донесе ѕвездата на Ница, Жан Мишел Сери. „Сан“ тврди дека Мурињо сака да го финализира трансферот до крајот на преодниот рок, но доколку не успее, 26-годишниот плејмејкер ќе остане примарна цел за следното лето.

Мурињо сака да го засили средниот ред бидејќи Мајкл Керик ја игра последната сезона, а Маруан Фелаини најверојатно ќе го напушти „Олд Трафорд“ на крајот на сезоната. Притоа, Португалецот смета дека Сери одлично ќе се вклопи во средниот ред заедно со Погба и Матиќ.

Минатото лето Жан Мишел Сери беше пред трансфер во Барселона, но медиумите тврдат дека играчот преферира преселба во Премир лигата.