Тој е само шестиот играч во НБА што постигнал 70 поени на еден натпревар


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Играчот на Феникс Санс, Девин Букер, стана само шести играч во историјата на НБА лигата кој на еден натпревар постигнал 70 и повеќе поени.

Во мечот против Бостон Селтикс, Букер уфрли неверојатни 70 поени, но за жал, неговиот тим, и покрај овој неверојатен учинок на Букер, загуби со 130-120.

До сега 70 и повеќе поени на еден кошаркарски натпревар во НБА имаат постигнато само Вилт Чемберлен, Дејвид Робинсон, Дејвид Томпсон, Елџин Бејлор и Коби Брајант.

Тренерот од Феникс, во последната четвртина, кога веќе сфати дека е јасно оти неговиот тим ќе губи, се фокусираше на тоа да му овозможи на својот играч да постигне што повеќе поени.

Повикувањата на тајм-аут и форсирањето на слободни фрлања беа дел од стратегијата на целиот тим да работи за Букер. На крајот, тој имаше 24 успешни слободни фрлања, додека ефикасноста од три поени му беше 4 од 11, а додаде и шест асистенции.

Играчот на Бостон, Ајзеа Томас, изјави дека му е чудно тоа што го направиле играчите од Феникс, како и дека никогаш ништо слично не видел. Според него, најчудно било што Феникс воопшто не бркал резултат, туку се фокусирале на тоа Букер да постигне што повеќе поени.