Тој е првиот рапер во историјата кој ќе добие награда во Кенеди центарот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


ЛЛ Кул Џеј станува првиот хип-хоп музичар кому ќе му биде доделена награда во Кенеди центарот, една од најдобрите американски награди од областа на уметноста, пренесува AFP.

Кенеди центарот оваа година одбележува 40 години од постоењето, а организаторите соопштија дека, освен раперот, пејачката Глорија Естефан и пејачот Лајонел Ричи, телевизискиот писател и продуцент Норман Лир, како и танчерката и кореографка Кармен де Лаваљеде ќе имаат чест да ги добијат наградите за 2017 година.

Церемонијата на доделување на наградите во Кенеди центарот ќе се одржи на 3-ти декември и ќе биде прво доделување на наградите за време на претседателот Доналд Трамп. Традиционално, признанијата се примаат во Белата куќа пред настанот.

ЛЛ Кул Џеј, чие вистинско име е Џејмс Тод Смит, го поздрави претседателот на Кенеди центарот, Дејвид Рубенштајн, поради тоа што го научил светот како се римува, како еден од пионерите на хип-хоп музиката.

Раперот од Њујорк се смета за еден од иницијаторите на овој жанр, а беше првиот рапер кој доби 10 последователни платинум плус албуми. Исто така, својот успех го оствари и во актерските води, со долготрајна главна улга во NCSI: Los Angeles.

Меѓу другите, Естефан е првата кубанска Американка која ќе ја добие оваа награда и веројатно најпопуларната „кросовер“ уметница во историјата на латино музиката.