Тој е првиот индивидуален креатор кој има над 100 милиони претплатници на YouTube


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Феликс „PewDiePie “ Кјелберг направи нешто што пред неколу години беше целосно незамисливо – стана првиот индивидуален креатор кој на својот YouTube канал собра 100 милиони претплатници.

Всушност, откако се случи тоа пред помалку од три дена, веројатно најпознатиот „јутјубер“ собра дополнителни 450.000 претплатници, што значи дека неговите YouTube објави ги следат над 100.453.000 претплатници.

PewDiePie ја загуби трката до 100 милиони претплатници од индискиот музички канал T-Series, кој моментално го следат над 109 милиони луѓе, но кога станува збор за индивидуален креатор, никој не му е ни блиску до рамен.

Третото место, зад него и T-Series го држи каналот 5-Minute Craft со над 60 милиони претпплатници.

Оваа недела Феликс се ожени со неговата долгогодишна девојка и бивша „јутјуберка“ Марција Бисоњин, а снимката од нивната размена на брачните ветувања моментално е на второ место на сајтот за трендови.

Инаку, PewDiePie и YouTube имаат, благо речено, комплицирана заедничка историја, пишува Forbes. Тој е далеку најпопуларниот автор на оваа видео платформа, но зад себе има голем број контроверзии, како онаа во која за време на стрим пренос изговори расистички збор. Освен тоа, големо и не баш позитивно внимание привлече кога му плати на извесен маж преку Fiverr да држи антисемитски знак „на шега“ поради што заврши во судир со Google.

Но, во последно време PewDiePie се врати на неговите корени, кога пред сè се идентификуваше како „гејмер“. Последните два месеци, со по некој исклучок, објавуваше само снимки од Minecraft, а повторното кревање на популарноста на оваа игра на десетгодишнината од нејзиното лансирање делумно се припишува и на неговите објави.

Forbes минатата година неговата заработка ја процени на 15,5 милиони долари, а во времето кога е правена таа проценка, тој имаше 72,5 милиони претплатници. Логично би било дека сегашната негова заработка е многу поголема.