Тој е првиот Французин „тежок“ над 100 милијарди долари и трет најбогат човек во светот


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Прв човек на LVMH и најбогат Французин на светот, 80-годишниот Бернар Арно, влезе во елитната престижна екипа на светски милијардери со богатство поголемо од 100 милијарди долари, со што стана и првиот Французин кој ја надминал оваа култна граница.

Арно им се придружи на врвот на Американците Џеф Безос и Бил Гејтс и се смести на трето место на листата на Блумберг со богатство од 100,4 милијарди долари. Со тоа Арно „го потисна” на четврто место американскиот милијардер Ворен Бафет.

Компанијата на Арно достигна раст на акциите за дури 43 % , а неговото богатство само годинава порасна за 32 милијарди долари. Богатствтото на Арно изнесува 3% од вкупната француска економија.

Во групацијата на Арно се 70 познати светски брендови како Луј Витон , Дом Перињон, Хенеси , Сефора, Диор, Фенди, Кензо, Булгари и други. Тој го поседува и весникот Паризиен , каде со симпатии се пишува за протестите на „жолтите елеци”.

Токму Арно се смета за нивен финансиер и човек кој сака да го симне од власт Макрон, кого и го довел на власт. Арно му е венчален кум на Никола и Сесилија Саркози, а кога Оланд го смени Саркози на претседателското место, Арно сакал да аплицира за белгиско државјанство.

Но, сепак останал во Франција, каде води здрав живот, игра тенис и собира уметнички дела, како оние на Ворхол и Пикасо кои ги има во неговата дневна соба.