Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
По осумнеделно трање на анкетата за избор на икона на 20. век која беше организирана од ВВС, беа прогласени најзначајните личности од минатиот век во седум категории, а на крајот беше избрана и најзначајната личност во 20. век генерално.
Личноста на векот е избрана меѓу првите луѓе на 20 век во седум категории како: научници, истражувачи, водачи, активисти, забавувачи, спортисти, уметници и писатели .
Титулата „Икона на 20. век“ според оваа анкета ја понесе Алан Тјуринг, кој беше победник во категоријата научници.
Тјуринг во анкетата ги победи Мохамед Али, Мартин Лутер Кинг, Нелсон Мандела, Дејвид Боуви, Ернест Шеклтон и Пабло Пикасо. Водителот на ББЦ најкусо објасни зошто Тјуринг е икона на векот.
„Беше татко на комлутерите , воен херој и генијалец”, рече презентерот Пакам во говорот за Тјуринг.
Алан Тјуринг ги постави темелите на совремата компјутерска технологија и ги одреди мерилата на вештачката интелигенција. Тој ја измисли „Тјуринговата машина”, со која за прв пат е понудена формална дефиниција на алгоритамот, одигра клучна улога во развојот на компјутерската наука, па затоа се смета за изумител на комјутерскиот систем и вештачката интелигенција.
Во 1952 бил осуден поради неговата хомосексуалност и е подвргнат на хемиска кастрација. По две години почина од труење со цијанид , се смета дека се самоубил, но службено тоа не е потврдено.
По повеќе од шест децении откако е осуден, кралицата Елизабета II го амнестираше , но многумина сметаат дека на Тјуринг му е нанесена штета која не може да се исправи.