Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Заборавениот напаѓач на Атлетико Мадрид, Алесио Черчи, можеби „извиси“ во последен момент да заигра во големото дерби против Реал пред неколку кола, бидејќи Диего Симеоне го врати на клупата после голот на Гризман во завршницата, но затоа дочека да влезе во игра во финишот на мечот со Осасуна минатиот викенд, кој Атлетико го доби со 3:0.
Малку фалеше Италијанецот да се запише и во листата на стрелците, а тоа сигурно ќе се случеше доколку соиграчите ги послушаа советите и скандирањата од публиката и капитенот Годин токму Черчи да изведе еден од досудените пенали. Но, тоа не се случи, бидејќи ниту Караско, а ни Томас Парти не сакаа да му ја препуштат топката, па космичката правда ги стигна инстантно бидејќи и двајцата ги промашија ударите од белата точка.
Сепак, Черчи со своите урнебесни реакции кои ги прави забавувајќи се како резервист стана нов миленик на навивачите на „Висенте Калдерон“.